Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.
– Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третман на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем, каде граѓаните ќе се лекуваат по светски стандарди, се наведува во објавата на Зафировски.
Тој го презема директорското место на оваа клиника од доктор Дејан Докиќ.
Нови директори добија и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и Клиника за ревматологија.
Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска – досегашна советничка во Советот на Град Скопје.
Нови директори по клиниките се:
1. Универзитетска клиника за уво, нос и грло – Игор Камшикоски
2. Универзитетска клиника за дерматологија – Катерина Дамевска
3. Универзитетски институт за радиологија – Соња Николова
4. Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Ирена Алексиоска-Папастиев
5. Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања – Танер Хасан
6. Универзитетска клиника за психијатрија – Славица Арсова-Хаџиангелковска
7. Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – Мери Трајковска
8. Универзитетска клиника за неврологија – Никола Ѓоргиевски
9. Универзитетска клиника за ревматологија – Емилија Сандевска
10. Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Злате Мехмедовиќ
11. Универзитетска клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Небојша Настов
12. Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар – Арјенит Муча.