Д-рТрпчевски: Болницата „Плодност“ нема да работи до 13 април, еден од докторите е заразен со коронавирус

од Берта Китинска
332 прегледи

Директорот д-р Таше Трпчевски на болницата  „Плодност“ од Битола во своето  јавно обраќање објави дека болницата нема да работи до 13 април.

-Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на коронавирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата, објаснува д-р Таше Трпчевски.

Тој појасни дека Д-р Трчевски совесно и како родител и како доктор, направил дури два тестови.

Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање, вели Д-р Трпчевски.

Д-р Трпчевски објасни дека оваа ситуација е доказ дека докторите, кои се во служба на своите пациенти, се едни од најизложените на коронавирусот.

 

Слични содржини