Пејачот “Викенд” (чие вистинско име е Авел Тесфаје) резервираше цело кино, за да може да го гледа трилерот Get Out насамо со љубената Селена Гомез.
Романтичниот гест го чинел 1.500 долари плус цената на нарачаните од двајцата пуканки, чоколадни барчиња, кока-кола и џин со тоник.
Според жолтите изданија тој одлучил дека тоа е идеален начин да ѝ се заблагодари, зашто таа одвои време и покрај ангажираниот распоред за да го посети во неговиот роден град Торонто.
Покрај тоа неодамна Селена растури 30 000 долари за да му организира совршена забава-изненадување по повод неговиот роденден, иако таа самата немаше како да присуствува на настанот.