„Слобода за Ламбе“

од Берта Китинска
351 прегледи

Битолчани се собраа на протест во одбрана на познатиот пејач Ламбе Алабаковски, за кој судот одредеи мерка осумдневен притвор.

Дел од граѓаните кои излегоа на протетстот изјавија дека Ламбе направил херојски чин, притоа, дека го направил истото она што го „направиле партизаните во Втората светска војна“, а дел од граѓаните велеа дека Алабаковски направил нешто што секој Македонец требало да го направи.

„Да го ослободат Ламбе зашто имал мотив и бил изреволтиран, дедо му бил убиен од фашистите. Да го ослободат како што не одговорале Бугарите што ги крешеле македонските клубови во Благоевград“, рече Кире Скубевски од Битола.

Пејачот доби 8-дневен притвор за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Вака одлучи судија на претходна постапка, по барање на Основното јавно обвинителство.

Алабаковски е обвинет за „предизвикување општа опасност“.

Влезната врата на бугарскиот клуб во Битола и натписот „Ванчо Михајлов“ беа запалени во саботата утрото в очи на работната средба на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со колегата од Македонија, Бујар Османи во Скопје и предизвика остри реакции во јавноста.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не сакаше официјално да открие дали станува за него, но вели дека самиот го признал делото. Вели дека прегладени биле камерите, не само пред објектот, туку и на други објекти во градот. Извршен е и претрес во домот и во други објекти, кадешто биле пронајдени предметите кои се користеле, како и облеката.

-Имаме неспорни и несоборливи докази. Лицето е приведено во ПС и во моментот очекуваме дека ќе биде изнесен пред надлежниот судија на претходна постапка. МВР бара одредување на мерка притвор заради тоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак, јас би сакал да почекаме одлука на надлежниот суд, изјави вчера Спасовски.

Слични содржини