Да им дадеме уште малку време на двете министерства да го решат проблемот – вели Курти за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ, осудени за „Монструм“

од Nikola Popovski
125 прегледи

На денешниот состанок меѓу двете влади беа присутни и двајцата министри задолжени за ресорот правда. министрите не не имаат нас како премиери и како посредници – тие комуницираат директно и се залагаат и се обидуваат да го решат ова прашање, рече косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање до каде е екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Курти истакна дека ова е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово.

-Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат нивен максимум за што поскоро са се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот, кажа косовскиот премиер на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна.

Последен пат, нивна екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор. Министерот за правда Игор Филков штом стапи на функцијата изјави дека Демири и Исмаиловиќ не се гонат за други кривични дела во Косово.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

Слични содржини