Ако 17-годишната Дарнела Фрејзер не го снимаше убиството на Џорџ Флојд, Дерек Шовин потенцијално се уште ќе беше полицаец кој патролира по улиците на Минеаполис.
Наместо тоа, Шовин е зад решетки и е осуден по сите три точки од обвинението, откако клечеше на вратот на Џорџ Флојд повеќе од 9 минути.
„Да не беше таа, тоа ќе беше уште еден црнец убиен од полицијата. Тоа е жално“, рече тетката на Џорџ Флојд, Анџела Харелсон.
„Го смени текот на историјата“
На девојката јавно ѝ се заблагодари и гувернерот на Минесота.
„Снимањето на тоа видео можеби е единствената причина поради која Дерек Шовин ќе оди во затвор“, рече гувернерот Тим Валц.
Влијанието на нејзините снимки го надмина случајот на Шовин. Тројцата полицајци од местото на настанот беа отпуштени, а глобалното движење за расна правда беше поттикнато.
„Дарнела го смени текот на историјата во оваа земја со својот мобилен телефон и храброст“, рече Сузан Носел, извршна директорка на непрофитната организација ПЕН Америка.
Многумина велат дека снимката е дел од историјата.