Слободата на медиумите е основа на секое демократско општество. Без неа – нема вистина, нема правда, нема одговорност. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите, ја потврдувам мојата цврста заложба: Да ги штитиме новинарите, да обезбедиме безбедна средина за независно известување, да не дозволиме притисоци врз медиумите, вели министерот за правда Игор Филков во честитката по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.
„Министерството за правда останува посветено на создавање услови за слободно, професионално и одговорно новинарство. Преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета, гарантираме поголема правна заштита и простор за слободно изразување – без страв и притисоци.
Кога медиумите се слободни, граѓаните се информирани, а правдата е погласна. Овој ден нека биде потсетник за заедничката одговорност што ја имаме во заштита на медиумските слободи“, додаде тој, меѓу другото, во честитката.