Да не ѝ замеруваме, „Северномакедонци“ е лапсус, рече Османи за Фон дер Лајен

од Nikola Popovski
235 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека не треба да ѝ замеруваме на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула Фон дер Лајен за употребата на кованицата „Северномакедонци“.

-Треба да бидеме коректни. Во целата нејзина прес-конференција, беше коректна во однос на јазикот, по однос на другите идентитетски атрибути и во еден момент кажа нешто што не е во рамки на тие идентитески атрибути. Да имате фокус на претседател на Влада на најголемата економија во светот и да ни доаѓа секој месец во една мала држава како нашата, што го посакуваат големите европски држави да ја имаат Фон дер Лајен во нивно присуство, да има такви прес-конференции во однос на тоа што нас ни е важно и од еден лапсус да правите аномозитет кон тој интерес, што го покажува, не знам дали ќе го имаме постојано. Еве гледајте хронолошки колку пати ни дошол претседател на ЕК во државата. Тоа се важни прашања, рече Османи како одговор на новинарско прашање.

Фон дер Лајен вчера при посетата во Скопје пред два дена, во неколку наврати ја употребуваше кованицата „Северномакедонци“ во своето обраќање во Владата.

Слични содржини