Да не се занесуваат со црни сценарија и насилие-полицијата мора и ќе реагира!

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 Целото интервју со министерот Оливер Спасовски во „Уреднички брифинг“

– Секој еден кој ќе се обиде да удри полицаец или институција, полицијата мора да реагира и да интервенира. Комитите ги користат како средство во овие протести се до оној момент кога ќе почне постапка против нив.

– Тие што ги искористиле не се јавуваат за да прашат каде се и што прават и дали се во полиција. Навивавчките групи сакаат да покажат сила пред полицијата на различни натпревари и слично,но лошо е што ова се случува на вакви протести, рече во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

– Во сабота повторно се организираат и имаме индициии дена се организираат за нереди. Јас во оваа емисија апелирам да се откажат од црни сценарија, затоа што државата нема да дозволи да биде вовлечена во вакви сценарија.

– Најавувам дека полицијата ќе ги штити граѓаните, самите себе и институциите. Тоа е клучната улога на полицијата.

– Нема никаква паралаела помеѓу Шарената револиција и овие протести. Идејата е сосема различна и начинот на организација, изјави во „Уреднички брифинг“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Погледнете го целиот разговор со министерот Спасовски: