Да се дозволи физичките лица и фирмите да купат дел од акциите на ЕСМ, порача Азески

од Nikola Popovski
173 прегледи

Првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески синоќа упати критика кон државата зошто не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство на струја. Според него, „најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам“.

Тој во емисијата „Топ тема“ рече дека стопанствениците имаа неколку предлози за владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица.

Азески појасни дка кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку владата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена.

-Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, информира Азески.

Тој смета дека владата задоцнила со мерките за стопанството и поради тоа компаниите претрпеле штети.

Се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поевтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја.

Слични содржини