Да се изрече притвор на Прочка е израз на садизам на институциите, вели адвокатот на Камчев

од Vladimir Zorba
477 прегледи

Адвокатот Тони Менкиновски, кој е и претседател на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред судот истакна дека Јордан Камчев и да сакал не можел да замине од државава.

„Обвинител од Радовиш денеска пред судот побара поради некаква си индиција, службена белешка од АНБ дека ќе бега, да му се изрече мерка притвор. Сите мерки во овој предмет, кој трае надвор од законскиот рок за истрага (скоро 30 месеци) каде се уште не е подигнато обвинение, се исполнети, даден е капитал како гаранција, дадени се пасошите и Камчев воопшто не може, и да сака да ја напушти Македонија“, посочува адвокатот.

„Ова е садизам. Да се изрече ваква мерка на Прочка е израз на садизам на институциите на системот. Судија од Радовиш денеска пред судот побара, поради некаква си индиција, службена белешка од АНБ дека ќе бега, да му се изрече мерка притвор. Двата пасоши на Камчев се во судот, има дадено капитал како гаранција и дури и да сака не може да замине“, изјави Менкиновски, адвокатот на Камчев.

Слични содржини