Тој е фанатичен обожавател на Ердоган, а таа не престанува да кажува навреди на адреса на претседателот. Двајцата имаат брак од три години, но сега се во развод – заради честа на Ердоган. Една приказна на DW од турскиот Торбал:
Кога станува збор за претседателот и, Турците се многу чувствителни. Тие или го сакаат , или го мразат од дното на душата. Никој во Турција не е рамнодушен кон повеќето турски политичари од Ататурк наваму. Како што покажува случајот со една брачна двојка од Торбал.
Јаболко на раздорот
Али Д., 40-годишен возач на камион и ревносен љубител на претседателот Ердоган, силно се иритирал од фактот дека неговата сопруга, со која има брак од три години, не ги споделува неговите топли чувства кон Претседателот. Штом Ердоган се појавувал на телевизискиот екран, жената почнувала да го проколнува или едноставно го менувала каналот. Сопругот ја предупредувал постојано да престане да кажува навреди на адреса на претседателот, но жената не слушала. Нешто повеќе дури: таа толку се иритирала од вечните предупредувања што му рекла да ја сними и да поднесе официјална жалба против неа. Што тој и го направил тоа.
“Би поднел жалба и против сопствениот татко, ако тој се држеше така. Нашиот претседател е добар човек”, вели налутениот сопруг во интервју за провладиниот весник “Јени Шафак”.
Терористите ќе ја провоцираат Русија, за да пропадне примирјето во Сирија
“Ако ме навредуваше мене, би го прифатил тоа”
37-годишната жена поднела меѓувреме барање за развод. А неодамна нејзиниот сопруг раскажува пред Франс прес дека не почувствувал каење за својата постапка, но сепак жали што бракот му се неуспешен. “Пак би го сторил. Ја сакав , но сега веќе не. Ако ме навредуваше мене, би го прифатил. Но не можам да ги прифатам навредите против Ердоган”, вели 40-годишниот маж.
За навреда на претседателот турските закони предвидуваат до четири години затвор. Засега не е јасно дали воопшто ќе дојде до процес. Но како што соопшти неодамна турски опозициски политичар, до крајот на 2015 година лично Ердоган поднел жалби против 1 500 турски граѓани за нанесени навреди, а Министерството за правда проверува во моментов уште 400 слични жалби. Меѓу обвинетите има секакви луѓе: учениците и студентите, политичари и новинари, карикатуристи и таксисти, една поранешна кралица на убавината (Мис Турција 2006) и еден поранешен фудбалер (Хакан Шјуќур).
