Македонија ги живее едни од најтешките денови од нејзиното осамостојување по колективната трагедија во Кочани. Граѓаните се уште не веруваат дека загубивме 59 животи поради корупција и системски грешки. Не знаеме колку време ќе биде потребно барем малку да се притаи болката во срцата, па оттаму дел од граѓаните сметаат дека местото во Кочани треба да остане запаметено и во иднина. Во една објава на социјалните мрежи се бара да се изгради парк на просторот на сегашната „дискотека на смртта“ и да се засадат 59 дрвја од видот јаблани.
-На местото да се засадат високи јаблани 59 (дај боже да не бидат повеќе)!
Да се засади парк, со најмиризливите цвеќиња и дрвја! (Земете ако сакате експерти од Британија, од Јапонија, од Холандија (тие ги имаат најдобрите хортикултурни експерти)
За сите кои ќе поминат од тука, тие кои живеат и работат во околината, децении од сега да не мирисаат изгорено месо, солзи и воздишки, стои меѓу другото во апелот на социјалните мрежи.
Погребот на настраданите во ужасниот пожар ќе се одржи денеска.Центарот за управување со криз информираше за времето кога ќе бидат погребани 59-те жртви.
-11.00 часот на градските гробишта во Штип:
-12.00 часот на градските гробишта во Кочани:
13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.
Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.
Денес во Скопје на Градските гробишта „Бутел“ ќе бидат погребани вонредната професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на ДНК, Сара Пројковска и пејачот на групата Андреја Ѓоргиевски.