Да се зголемат платите во јавниот сектор, пари има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
177 прегледи

Власта да прифати покачување на платите во јавниот сектор, пари има, нека престанат со крадење. СДСМ и ДУИ да поддржат зголемување на платите во јавниот сектор, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, предлогот за линеарно зголемување на платите е обврска за власта која настана со зголемување на минималната плата, и само така ќе се воедначат платите и ќе се постигне рамноправност, но и ќе се зачува стандардот на граѓаните, кој е нагризан од инфлацијата.

-Ако не се зголемат платите, работниците уште посилно ќе ги чувствуваат ефектите од кризата. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува зголемувањето на платите. Партиите од власта да се охрабрат и да го поддржат и тие, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.