„Да седнеме и да најдеме решение за уставните измени“

од Берта Китинска
182 прегледи

Добро е дека се разговара за уставните измени и сметам дека тоа треба да биде процес кој што се одвива во процедура согласно нашите закони, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прашањето што мисли за ставот на Алијанса на Албанците и Беса кои најавија дека ќе гласаат за уставни измени само доколку се тргнат 20% од Уставот за албанскиот јазик.

Штом ќе биде отворена таква процедура и се види дека има волја, сметам дека треба да се седне на маса и сите партии да го кажат својот став, за да се дојде прифатливо решение за сите,кажа премиерот.

На прашањето дали би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу евентуалните уставни измени, Ковачевски вели дека веќе се виделе кога се разговарало за францускиот предлог и енергетската криза.

-Секогаш кога ќе има прашање од интерес за сите граѓани, ќе се видиме и ќе разговараме како што разговараме и со лидерите на другите политички партии, рече премиерот.
Тој истакна дека засега немал разговор со ниту една политичка партија за вклучување во Владата.

За да ги поддржи уставните измени, Алијансата за Албанците и Движењето Беса ја условуваат Владата да го отстрани терминот „20%“ кој се однесуваат на Албанците во Уставот. Освен тоа, АА има уште еден примарен услов, кој се очекува да го објават во текот на неделава. П