Папата Франциск и американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор разговарале за конфликтот меѓу Израел и Хамас и другите војни во светот, соопшти во неделата Ватикан.
– Разговорот траеше околу 20 минути и беше фокусиран на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир – соопшти Ватикан.
Според соопштението од Белата куќа, Бајден и Папата разговарале за потребата да се запре ескалацијата и да се најдат начини за траен и одржлив мир на Блискиот Исток.
Израел се подготвува за копнен напад врз Газа, две недели по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа 1.400 луѓе.
Претходно, Франциск им кажа на толпата на плоштадот Свети Петар дека е длабоко тажен поради „тешката ситуација во Газа“, каде беа бомбардирани болница и грчка православна црква. „Запрете, браќа“, рече Папата.
Бајден, кој е католик, во саботата рече дека разговарал со Израелците на прашањето дали ги охрабрува да ја одложат инвазијата на Газа.
Хамас соопшти дека зел околу 200 луѓе како заложници за време на рациите на заедниците и воените бази во јужен Израел.
Папата неколку пати повика на ослободување на заложниците.