Дачиќ: Списоците за апсење на Србите од Косово се доказ за лудоста на она што го прави Курти

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска оцени дека појавата на список на Срби од Косово кои треба да бидат уапсени, меѓу кои и постариот син и братот на претседателот Александар Вучиќ, е уште еден доказ не само за лудоста на она што го прави Албин Курти, туку и показател колку е подготвен за дополнително влошување на ситуацијата.

По потпишувањето на Протоколот за соработка со Министерството за информации и телекомуникации во Министерството за надворешни работи, Дачиќ рече дека појавувањето на списоци за апсење на Србите на Косово потврдува две работи.

„Првата е дека е лага дека нема списоци, како што тие тврдеа, туку дека на нив се наоѓаат и членови на семејството на претседателот Вучиќ. Втората работа која се потврдува е дека главната причина за сите проблеми, главниот нарушувачки фактор, закана за мирот и стабилноста во регионот е Албин Курти и неговата клика“, рече Дачиќ.

Слични содржини