Министерот за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека сите напади врз претседателот Александар Вучиќ, во деновите кога Србија треба да биде обединета, само и штетат на земјата и, како што вели, се само во корист на непријателот.
Дачиќ посочи дека ова е време кога сите партии и политичари треба да покажат одговорност и целосно единство.
„Вучиќ, како и секогаш, ја покажа сета своја големина и сила, изразувајќи ја својата цврста намера Србија да остане посветена на дијалогот, за да не биде прејудицирана и нападната поради одбивањето да учествува во потрагата по политичко решение за косовската криза истовремено изразувајќи цврста решителност да ги заштитиме нашите национални и државни интереси“, изјави Дачиќ за Танјуг.