Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјавил денеска дека Белград сака дијалог со Приштина, што ќе даде резултат што ќе гарантира траен мир и стабилност.
Одговарајќи на изјавата на Хашим Тачи, кој изјавил дека сака дијалог, но дека резултатот ќе биде признавање на Косово или ништо од дијалогот, Дачиќ рече:
„Ако не тераат да бираме меѓу признавање на Косово или ништо од дијалогот, тогаш одбираме ништо. Ајде да бидеме целосно отворени“, им рекол Дачиќ на новинарите во Министерството за надворешни работи.