Дачиќ во дводневна посета на Москва

од desk4
66 прегледи

   Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ денеска и утре ќе биде во посета на Москва во рамки на редовни средби меѓу двете земји.

Тој ќе оствари средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и со потпретседателот на Владата на РФ и копретседател на српско-рускиот Меѓувладин комитет за трговина,економска и научна соработка Јуриј Борисов, соопшти српското  Министесртво за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека министерот Дачиќ ќе разговара за заеднички проекти во областа на економијата и инвестициите, како и за соработка на меѓународен план.