Дачиќ за протестот во Белград: Потполн дебакл

од desk2
187 прегледи

 

Денешниот собир „1 од 5 милиони“ во Белград беше потполн дебакл пред очите пред целата српска и меѓународна јавност, порача лидерот на СПС, Ивица Дачиќ.

Тој рече дека неговата партија и претходно истакнувала дека Сојузот за Србија нема ниту има политички идеи, ниту има поддршка од народот.

„Освен нареди и закани, ни денеска никој не можеше да чуе ништо за тоа за што се залагаат. Немаат идеи, народ нигде, очигледно нешто не чини“, рече Дачиќ.

„Не им чинат лидерите кои ги водат, и ако не ги променат олку малку луѓе ќе имаат и на најавениот централен протест на опозицијата“, вели Дачиќ за Танјуг.

Тој како претседател на СПС истовремено ги повика сите челнови, симпатизери и бирачи, како и сите граѓани, да се соберат во голем број во Белград на собир , на истото место, како што рече, каде сите ќе можат да видат како се зборува за иднината на Србија.