Дачиќ: Бегството на терористот и воен злосторник Рамадани е скандалозно

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека бегството на „терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија е скандалозно“, соопшти МУП.

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како можно е некој што е уапсен по наша меѓународна потерница да избега од домашен притвор Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено“, рече Дачиќ, пренесе Политика.

Поранешниот припадник на таканаречената ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен во Северна Македонија по потерница на Интерпол по барање на Србија, избега од домашен притвор од куќа на роднина.

Рамадани беше уапсен врз основа на меѓународна потерница од Интерпол издадена од Србија на 17 јули на граничниот премин Јајинце и однесен во затворот Шутка на 30 дневен екстрадиционен притвор.

Надлежниот македонски суд на 1 август му ја преиначи казната на Рамадани од „притвор“ во „куќен притвор“ и според решението тој беше испратен на адреса во Скопје, а со тоа решение беше предвидено да остане во „куќен притвор“ до 16 август, пренесува Танјуг.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, при посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули, побара од скопските власти да го екстрадираат Рамадани во Србија.

Рамадани, според српските власти, бил член на таканаречената Оперативна зона – ОВК Неродимље, која е позната по прогонот на стотици Срби од урбаниот дел на Урошевац и селата Неродимље, Краиште, Велики и Мали Алаш, Слатина, Голеш, Помазатин, како и палење српски куќи и уривање цркви, киднапирање и убивање на десетици Срби и прогонство на Србите од населението од општините опфатени со таа оперативна зона.

Слични содржини