344
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ги демантираше пишувањата во медиумите дека Косово ќе добие амбасада во Белград и нагласи дека „попрво ќе отворат на Месечината отколку во Србија“.
Откако коалицијата СПС-ЈС-Зелените на Србија достави потписи за учество на изборите, Дачиќ нагласи дека ваквите лаги и манипулации секогаш се појавуваат пред избори.
Тој потсети дека секогаш пред избори велат дека Белград по изборите ќе воведе санкции кон Русија и ќе го признае Косово.