Дачиќ: Односите со Македонија се во нагорна линија, за Србија е важно што сте дел од „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
354 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска во Белград изјавил дека односите меѓу Србија и Северна Македонија се во нагорна линија и дека се „релаксирани од различни негативни влијанија и дезинформации и погрешни толкувања“.

„За нас е многу важно што Северна Македонија учествува во иницијативата „Отворен Балкан“. Се согласувам со она што го кажа Бујар на состанокот, дека тој го смета не само за економска иницијатива, туку и за чекор напред во помирувањето во регионот“, рече Дачиќ пред новинарите по средбата со македонскиот колега Бујар Османи.

Османи, кој е и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), додаде дека разговарале за нејзината клучна улога, предизвици и можности.

Српскиот министер за надворешни работи говорејќи за средбата со председавачот на ОБСЕ, министерот Османи, кажа дека ја рабира сложеноста во работењето на ОБСЕ, носењето на одлуки со консензус и изрази жалење што ОБСЕ не ги следеше изборите на Косово. Тој го потенцираше прашањето на Србите во Косово и резервите што ги има ОБСЕ за избор на нов преседавач за наредната година.

„Пред 10 години, кога беше потпишан Бриселскиот договор, улогата на ОБСЕ беше јасно дефинирана во организацијата на изборите на Косово и Метохија, но ќе ве потсетам дека последните избори се одржаа без учество на ОБСЕ, за првпат. Ние се залагаме за поактивно присуство на ОБСЕ на Република Косово“, додал Дачиќ.

Слични содржини