Дачиќ: Принципот на почитување на територијалниот интегритет мора да биде универзален 

Цитирајќи ја Бербок дека „прекројувањето на границите е отрво што ја уништува Европа, Дачиќ во емисијата „Фокус“ на Б92 праша кај била таа досега. 

од Бети Божиноска
234 прегледи

Принципот на зачувување на територијалниот интегритет мора да биде универзален, истакна потпретседателот на српската влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги изјавите на неговата германска колешка Аналена Бербок во текот на вчерашната посета на Босна и Херцеговина, пренесува „Политика“. 

Цитирајќи ја Бербок дека „прекројувањето на границите е отрво што ја уништува Европа, Дачиќ во емисијата „Фокус“ на Б92 праша кај била таа досега. 

„Каде беше досега Аналена? Ние го зборуваме тоа веќе 30 години. Нашите граници се прекројуваат, но тоа е изгледа е нормално и не се важи. Од сега се важи. Потребно беше да се прекројат границите на Србија, а сега е тоа отров,“ констатираше тој. 

Дачиќ потсети дека, кога станува збор за БиХ, треба да се зборува за унитарноста и за ревизијата на Дејтонскиот мировен договор што ја бара бошњачката страна. 

„Дејтонскиот договор се заснова на рамноправноста на народите и ентитетите. Не може да се носат одлуки кои излегуваат од Дејтон. БиХ е држава заснована со консензус,“ истакна шефот на српската дипломатија. 

Дачиќ нагласи дека станува збор за двојни стандарди и за прикажување на Србите како нарушувачки фактор. 

„Србите не се нарушувачки фактор туку бараат рамноправност, почитување и правата кои ги имаат во БиХ. Затоа треба да инсистираме дека зачувувањето и заштитата на територијалниот интегритет мора да биде универзално,“ подвлече тој, потсетувајќи дека не смее да се заборави фактот дека Бербок припаѓа во кругот на оние што водат жестока политика против српските интереси. 

 

Слични содржини