Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека од Македонија пристигнало телефонско барање за помош поради големиот број пожари што избувнаа во земјава.
„Сè уште не сме го добивме официјално, но разговаравме по телефон. Побараа од Северна Македонија да им помогнеме околу гаснењето на пожарите. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за да помогнеме во двете држави истовремено, преку хумана акција за гасење на пожарите“, рекол Дачиќ.
Дачиќ нагласил дека Србија ќе испрати хеликоптери и додал дека не сака на тоа да се гледа како испраќање хеликоптери за остварување воена доминација.
Во меѓувреме, утрово пристигна меѓународна помош од Турција и тоа еден хеликоптер и два ер-трактори. Ова со јавноста го сподели првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид информираше дека очекува во текот на утрешниот ден или најдоцна до задутре да биде ставена под контрола ситуацијата со пожарите. Мицкоски истакна дека очекува помош и од Србија, Црна Гора и Словенија и тоа во форма на воздухоплови.