260
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека државниот врв на Србија реагирал остро, брзо и добро на сложените настани на северот на Косово и оцени дека единствен начин за деескалација е враќање на ситуација на онаа пред изборите.
Дачиќ ги пофали ставовите на САД за последната ситуација на северот и тоа што јасно го предупредиле Албин Курти дека мора да формира ЗСО.
„Мислам дека сега и САД и ЕУ се лути што едностраните потези на Курти ја искомплицираа ситуацијата и предизвикаа конфликти“, рече Даичиќ и потсети дека овие еднострани потези се слика и можност на владата на Курти, кои водат од ескалација во ескалација.