Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во четвртокот во Кампала изјави дека Србија нема да дозволи Косово да стане членка на Обединетите нации и им се заблагодари на сите земји кои не ја признаваат независноста на Косово.
Дачиќ посочил дека Србија е воено неутрална земја, посветена на својата стратешка определба за полноправно членство во Европската унија, но нагласи дека во исто време ги зајакнува традиционалните пријателства со африканските, латиноамериканските, азиско-пацифичките земји, пренесе Радиотелевизија Србија.
„Србија и српскиот народ длабоко сочувствуваат и ја споделуваат болката за сите изгубени животи во конфликтите што се случуваат ширум светот, вклучувајќи ги и трагичните настани на Блискиот Исток и Украина. Убедени сме дека само конструктивниот дијалог и дипломатските решенија можат да доведат до мир.Сите конфликти се решаваат на преговарачка маса и за тоа нема алтернатива“, навел тој.