192
На Балканскиот форум во Будимпешта, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Унгарија и Албанија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека не е оптимист дека ќе дочека да станеме членка на ЕУ, но дека, како што рече, „мора да направиме се за да не им наштетиме на тие интеграции“.
Тој потсети дека поминаа 20 години од самитот во Солун кога на Западен Балкан му беше ветена европска иднина. Сепак, како што посочува, потребно е обновување на политиката на проширување.