Dacia Sandero најпродаван автомобил во Европа и во ноември

од Vladimir Zorba
299 прегледи

И овој месец романскиот претставник ја брани честа на Европа кога е во прашање продажбата на возила по модел. Dacia Sandero е најпродаваниот модел во Европа втор месец по ред и четврти вкупно оваа година. Извесно е дека Романецот ќе води тесна борба против Американецот (Tesla Model Y) во борбата за титулата најпродаван автомобил во Европа во 2023 година.

Имено, во ноември дури 19.760 клиенти го избрале Sandero, а тоа на Dacia и донесе 9,5% подобра продажба од истиот месец минатата година. По лошиот октомври, Tesla Model Y речиси двојно се зголеми на 17.500, враќајќи се на второто место зад Sandero. И покрај тоа, Tesla беше барана марка минатиот месец, бидејќи Model 3 со 16.300 примероци беше трет најпродаван автомобил на Стариот континент.

Иако неговата продажба се движеше од рекордни до потпросечни, електричниот модел Y на Tesla кумулативно забележа најголема продажба во 11 месеци од тековната година. Станува збор за речиси 230.000 испорачани единици низ Европа, додека Sandero е втор со 217.244, а Volkswagen T-Roc е трет со 191.105 продадени примероци во наведениот период, пред Peugeot 208 и Renault Cli.

Интересно е што Volkswagen Tiguan се врати на листата на топ 10 најпродавани модели.

10 најпродавани модели (јануари-ноември 2023)

Tesla Model Y – 229.980
Dacia Sandero – 217.244
VW T-Roc – 191,015
Peugeot 208 – 184.105
Renault Clio – 181.675
Opel Corsa – 176.512
VW Golf – 166.304
Toyota Yaris Cross – 163.505
VW Tiguan – 160.214
Škoda Octavia – 149.399

Слични содржини