„Дадов беса, промените ќе се случат“

од Vladimir Zorba

„Единствено ме уценува совеста да се борам за правда“.

Ова го рече за ТВ Прва заменик-премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, коментирајќи ги наводите на прес-конференцијата во четвртокот од главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ дека бил уценет од лидерите на ДФ – Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

– Реформите во обвинителството се неопходни, доколку Црна Гора сака некој значаен чекор напред. Секој пат кога ќе се појави Катниќ, се зголемува бројот на луѓе кои сметаат дека треба да има промени во обвинителството. Дадов беса дека промените ќе се случат и дека ќе имаме институции, тоа не се случи, но ќе сторам се за Црна Гора да ги добие институциите што ги заслужува – рече Абазовиќ.

Слични содржини