Дадов многу од себе за да функционира Советот – имавме видливи резултати, рече Георгиев пред разрешувањето

од Nikola Popovski
301 прегледи

Дадов се од себе. Сме работеле и сме имале видливи резултати како Совет. Имавме многу одлуки и водени постапки пред Советот. Јас како претседател постапував еднакво пред сите вас, но некогаш имав и сопствени ставови, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев Сашко Георгиев кој побара престанок на мандатот, по пресудата на Управниот суд со која е поништено разрешувањето на поранешната претседателка на ова тело, Весна Дамева.

Тој на денешната седница истакна дека неговиот избор за претседател воопшто не е предмет на оваа пресуда и постапка.

-Гледам дека пресудата на Управниот суд ја има веќе во јавноста и може добро да види што и како е одлучено во оваа постапка. Со оваа пресуда е поништено разрешувањето на претходната претседателка. И за нас и за јавноста, ниту сум имал притисоци, ниту влијанија. Тоа го велам најодговорно. Колеги знам и убеден сум дека сме можеле подобро и повеќе, но тоа покажува времето да покаже. Очекувам Советот ќе работи со сите предизвици да се носи во иднина, кажа Георгиев на денешната итна седница на Судскиот совет.

Слични содржини