Големата светска sвезда која го испеа хитот „Mercy“, познатата Дафи, раскажа низ каковпекол поминала пред 10 години, по кој никогаш не се опоравила.
Дафи исчезна целосно откако го издаде својот втор албум во 2010 година, оставајќи многумина да се прашуваат што се случува со неа, и никој не знаеше за агонијата низ која поминува.
Во својата прва голема исповед, Дафи ги раскажа деталите за ужасното искуство и зошто не се појавила во јавноста десет години.
„Тоа беше мојот роденден. Прво бев дрогирана во ресторан, а потоа 4 недели дрогирана патував во странство. Не се сеќавам дека се качив во авион, а се освестив во некои автомобили. Бев ставена во хотелска соба каде ме силуваше. Се плашев дека ќе ме убие. Сакав да побегнам, но се плашев“, рече пејачката и додаде дека не знае од каде и е силата да издржи се што и се случувало.
Дафи објасни дека се вратила со својот напаѓач во Велика Британија, но дека знаела дека нејзиниот живот е во опасност затоа што тој се заканил дека ќе ја убие.
„Мислев дека не е безбедно да одам во полиција затоа што ако нешто тргне наопаку, тој ќе ме убие“.
Пејачката, која не видела излез од целата ситуација, признава дека се обидела да се самоубие.
„Ќе ги соблечев пижамите, ќе ги фрлев во оган. Мојата коса беше во јазли, не ја чешлав. Подоцна ја ишишав целосно. Допуштив силувањето да биде мојот цимер. Мислев дека објавувањето на мојата приказна ќе ми го уништи животот, а го уништи тоа што се криев. Мислам дека фактот дека веќе не пеам, може да ме убие. Мора да бидам силна и да се соочам со сето она што не можам да го избришам, морам да бидам искрена со себе си. Сега можам да ја оставам оваа деценија зад мене. Претпоставувам дека сега веќе никој нема да праша: „што се случи со Дафи?“