Daily Star: Руската дизел-електрична подморница од проектот 636.3 наречена „Варшавјанка“ ги вознемири САД и НАТО

од desk4
118 прегледи

Информативниот сајт Daily Star соопшти дека руската дизел-електричен подморница од проектот 636.3 Варшавјанка, која оваа година речиси незабележано помина покрај воените бродови на НАТО, кои беа лоцирани во водите на Средоземното Море, а потоа лансираше крилати ракети кон цели на терористите во Сирија, предизвика вистинско вознемирување во штабот на морнарицата на САД, но и во НАТО.

Западните експерти сметаат дека таквата подморница може да предизвика тензии кои се типични за Студената војна. Руската подморница може да биде причина за втора студена војна и, според Дејли Стар, предизвикува сериозна загриженост во Вашингтон.

Иако НАТО беше предупредено за руските маневри и притоа тие беа следени од бродовите на Алијансата, руската подморница мина покрај нив незабележано. Алекс Кларк, е убеден дека овој факт намерно е предизвикан и тоа е добра реклама за руското оружје.

Претставници на НАТО сериозно се загрижени, бидејќи Русија во рамките на т.н. ренесанса на Студената војна ќе ги користи сличните подморници како аргумент за воздржување на САД од разни воени провокации. Алекс Кларк верува дека РФ ќе изгради уште такви подморници не само за себе туку и за извоз.

По успешниот маневар, многу земји веќе беа заинтересирани за тивките руски подморници, надевајќи се дека Русите ќе развијат и нивна атомска верзија.

Во руската морнарица има 6 такви подморници од кодниот тип 636,3, во Кина има 10, а ги има и во Алжир и Виетнам. Тишината ја постигнува со двојно куќиште, собрано кормило, амортизирани платформи и специјални надворешни премази. Затоа од НАТО го доби прекарот Црната дупка