Дајч директен: На Аморим му беше дадено повеќе од доволно време, Гвардиола ќе беше отпуштен

Дајч е познат по својот прагматичен и старомоден стил, како и по користењето на формација 4-4-2 како основна поставеност на неговите тимови.

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Искусниот стручен коментатор Шон Дајч верува дека е крајно време Рубен Аморим да постигне значаен резултат со Манчестер Јунајтед.

Поранешниот менаџер на Барнли и Евертон остро го критикуваше сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед, тврдејќи дека ќе постигнел повеќе победи на чело на „црвените ѓаволи“.

Дајч е познат по својот прагматичен и старомоден стил, како и по користењето на формација 4-4-2 како основна поставеност на неговите тимови.

– Можеби ќе добијам сериозни критики за она што ќе го кажам, но се обложувам дека би можел да добијам повеќе натпревари со овој тим, потпирајќи се на 4-4-2. Луѓето постојано зборуваат за филозофијата на Аморим, но тоа не функционира. Можеш да играш пет или десет натпревари, но кога ќе стигнеш до 20, очигледно е дека работите не одат добро. Можеби грешам, бидејќи не функционираше со играчите што ги имаа досега, а ова лето доведоа нови напаѓачи кои веројатно ќе се снајдат подобро – истакна 54-годишникот.

– Од една страна, ми се допаѓа фактот што се држат до својот план, а тоа е она што го претставува Манчестер Јунајтед. Но, сега има огромен притисок да се прават работите како што треба. На Аморим му е дадено повеќе од доволно време.

Искусниот стручњак нè потсети низ што помина Пеп Гвардиола.

– Луѓето ја забораваат првата сезона на Пеп Гвардиола – тој направи многу промени во составот, во формацијата и заврши 13 бода зад врвот, но никој не реагираше. Да беше во Реал Мадрид, веројатно ќе беше отпуштен. Но, потоа работите си дојдоа на свое место и тој стана шампион следната сезона“, коментираше Дајк.

Слични содржини