337
Мистериозен среќник од Аризона сигурно слави откако го освои џекпотот во висина од 410 милиони долари, откако даде два долари за тикетот.
Ова е првпат џекпотот да се освои во Аризона, а добивката е најголема во годината, пренесува „Дејли мејл“.
Тикетот, која бил извлечен во вторникот вечерта, бил купен во Глендејл во Аризона, објави државната комисија за лотарија.
Шансите за освојување на џекпотот биле 1 спрема 302.575.350 во 45 земји каде што се нуди, плус Вашингтон и Американските Девствени Острови.
Минатиот август, Аризона се придружи на групата земји што им овозможуваат на луѓето што освојуваат џекпот од 100.000 американски долари да останат анонимни засекогаш.