Далас ја совлада Атланта, најефикасни Дончиќ и Богдановиќ

Далас се врати на победничките патеки, бидејќи стигна до 46-та победа во 76 одиграни натпревари.

од Бети Божиноска
231 прегледи

„Далас Маверикс“ ја победи „Атланта Хокс“ со 109:95 во натпревар од шампионатот во НБА. Богдан Богдановиќ и Лука Дончиќ беа главни актери на натпреварот кој му припадна на домашните.

Во неколку наврати, големите пријатели се среќаваа во директен дуел, а пред и по натпреварот срдечно се поздравуваа. Словенечкиот кошаркар го предводеше тимот на Далас со 25 поени, 12 скока и осум асистенции, а помош имаше и од Ирвинг, кој постигна 26, како и од Вашингтон, кој мечот го заврши со 19 поени.

Србинот беше предводник на Атланта, која не успеа да ја одбрани предноста стекната во првата четвртина. Богдановиќ го заврши мечот со 17 поени, со што е најдобар стрелец на својот тим. Покрај тоа, имаше и седум скока, две асистенции и една украдена топка.

Покрај српскиот кошаркар, кај Хокс ите двоцифрени беа и Мари со 16, Метјус со 14 и Хантер со 13 поени.

Далас се врати на победничките патеки, бидејќи стигна до 46-та победа во 76 одиграни натпревари. Маверикс со тоа го заземаат петтото место во Западната конференција на НБА. Што се однесува до Атланта, тие остануваат на 10. место на Истокот со скор 36-41.

 

Слични содржини