Дали ќе биде прогласен крај на пандемијата на коронавирус?

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Комитетот на Светската здравствена организација ќе се состане на 27 јануари за да разгледа дали пандемијата на ковид-19 сè уште претставува глобална здравствена вонредна состојба, соопшти СЗО, три години откако првпат беше прогласена.

Комитетот за вонредни состојби го советува генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ја донесува конечната одлука дали епидемијата претставува таканаречен јавен здравствен итен случај од меѓународна загриженост, што е највисоко ниво на тревога на здравствената агенција на ОН, пренесува „Ројтерс“.

Неколку водечки научници и советници на СЗО рекоа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата на ковид-19 поради високото ниво на инфекции во Кина, која минатиот месец ја заврши својата политика на нулта толеранција за коронавирусот, наведе британската агенција.

Слични содржини