На социјалните мрежи се објави видео на кое се гледа веселба за 8-ми март во една кафеана, при што нема никаква дистанца меѓу гостите. Според објавата, станува збор за угостителскиот објект, „Дебар Маало“ на „Боемска“ улица во Скопје.
Од видеото на социјалните мрежи очигледно е дека се работи за прослава во време на пандемија бидејќи дел од персоналот носи маски, но точната локација, време и ден не се знае.
„Снимката е во мојата кафеана, но е стара и не е од вчера. Не можам точно да се сетам од кога е, можеби пред Нова Година некаде или порано. Ние живееме во пандемија веќе една година и на тој начин и работиме. Од мојот локал плата земаат 40 фамилии и никогаш не би си дозволил инспекција да ми го затвори местото поради прослава спротивна на препораките дадени од Владата“, изјавил Златко Васовски, сопственикот на кафеаната во изјава за „МКД.мк“.
Па добро бе неиживеани едни, одма у Бардовци сите до еден.
Кластер кафана Дебар Мало во најава.
Ало пазарна работете или не сам знајала работава? pic.twitter.com/qF9UgKSJ6p— maru6ka🙎♀️ (@idiotkataM) March 9, 2021