Дали американски лекар го пронајде рецептот за лекот: За три недели излечени илјада заразени и без смртен случај

од Nikola Popovski

Американски лекар кој веќе три недели лекува пациенти со коронавирус во Монро е многу успешен во ова и нема смртни случаи, бидејќи користи комбинација на повеќе лекови, пренесува германскиот весник „Билд“.

Станува збор за доктор, Владимир Зев Зеленко, кој се грижел за околу 1.000 заразени лица, од кои никој не починал, а само три лица морале да бидат на респиратор.

Зеленко користи комбинација на повеќе лекови во третманот, пренесува „Билд“.

„Ги разгледав податоците од Јужна Кореја и Франција и затоа дојдов до комбинација на лекови“, објасни тој за германскиот весник.

Неговиот рецепт е мешавина од лекови што тој го претстави со отворено писмо, на кое реагираше претседателот Доналд Трамп.

Според неговиот метод на лекување, пет дена пациентите користат лекови со хидроксихлорохин, заедно со азитромицин и цинк сулфат.

Проблемот е во тоа што ефективноста и несаканите ефекти на оваа комбинација не се опфатени со студијата.

„Пациентите немаат треска, проблеми со срцето или други несакани ефекти. Тие само зборуваат за слаба дијареја “, Зеленко ги пренеува искуствата на своите пациенти, објавува „Билд “.

Слични содржини