Дали би го јаделе овој мал помфрит: Ова е најскапата порција во светот! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Еден ресторан во Њујорк успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди со продажба на најскапиот помфрит во светот.

Оваа минијатурна порција пржени компири чини неверојатни 200 долари (168 евра), значи 10.000 денари!

Овој помфрит е направен од компирот „Чипербек“, кои се бланширани во оцет и шампањ. Потоа се пржи во чиста маст од гуска, не еднаш туку двапати, поради што е крцкав однадвор и мек одвнатре.

„Туртуфите се главната sвезда овде“, рече главниот готвач Фредерик Шон-Каверт.

Во моментов постои листа на чекање од осум до десет недели за овој помфрит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serendipity 3 (@serendipity3nyc)

Ресторанот „Серендипити’ веќе собори два Гинисови рекорди за најскап хамбургер, кој чини 295 долари и сладолед од 1.000 долари.

Гинисовата книга на рекорди потврди на 13 јули дека помфритот од овој ресторан е официјално најскапиот на планетата.

Слични содржини