Дали Бил Гејтс би бил побогат од Безос ако не донирал дел од богатството?

од Vladimir Zorba

Бил Гејтс во хуманитарни цели дал повеќе од 50 милијарди долари. Според Bloomberg, неговото богатство сега се проценува на 129 милијарди долари, а на Forbes е четврти најбогат со 119 милијарди долари.

Но, дури и ако не би донирал, Џеф Безос би го престигнал на двете листи, на коишто веќе долго време е прв. Во исто време, основачот на Amazon често пати е мета на критики поради тоа што многу малку пари дава во хуманитарни цели од сите познати богаташи.

Гејтс почнал да одвојува дел од своето богатство во хуманитарни цели од 1997-ма година, но тие се многу поголеми од она што Безос го одвоил за истата намена, анализира Startit.

Основачот на Tesla, Илон Маск ветил дека ќе донира половина од своето богатство, а оваа недела тој го надмина Гејтс на листата на милијардери. Таа изјава ја дал кога имал богатство од две милијарди долари, а денес Forbes го смести на трета позиција со скоро 130 милијарди долари. Проценките се дека, досега Макс за хуманитарни цели одвоил околу 100 милиони долари или помалку од 1%.

Интересен е фактот дека ако се споредат овие тројца милијардери, додека Гејтс предупредувал од последиците од пандемијата и инвестирал во развој на вакцина, Безос и Маск ќе го запреле работењето, а стотина работници во Amazon биле заразени.

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг и неговата сопруга ветиле дека ќе донираат 99% од приходите, а досега донирале повеќе од 45 милијарди долари.

Доколку Гејтс, Маск, Безос и Цукерберг донирале еднаков дел во однос на своето богатство, листата на најбогати би изгледала сосема поинаку.

Слични содржини