Дали Бочварски е оптимист дека изградбата на Коридорот 8 ќе заврши до 2030 година?

од Destan Jonuzi
184 прегледи

Според тоа како тргна работата со Коридорот 8, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го прашавме Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дали е оптимист дека изградбата ќе заврши до 2030 година.

Тој вели дека по тоа што го гледа кај нас, но и во регионот се препознава дека, после долги години, денеска се работи на голем проект во дел на инфраструктурата.

„Несомнено, доколку вака се работело и започнало во 90-тите, денеска ќе сме имале завршен коридор, но да не се навраќаме наназад. Ако зборуваме премногу за грешките во минатото нема да можеме да продолжиме напред. Заради тоа јас денеска сум и оптимист и убеден сум дека ова кое што го правиме денеска е вистинскиот начин за завршување на коридорите“, порача Бочварски.

Слични содржини