Дали бремените жени можат да се вакцинираат, во која фаза од бременоста и со која вакцина?

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Добрата вест доаѓа од Велика Британија, каде за првпат официјално е препорачано сите бремени жени во било кој момент од бременоста можат и треба да примат вакцина против коронавирус, бидејќи вакцината не претставува ризик ниту за нив, ниту за фетусот.

Без ризик

Според „Гардијан“, оваа нова препорака е објавена од Комитетот за вакцинација и имунизација во Велика Британија (JCVI). Досега се советуваше да се имунизираат само жени со претходно постоечки здравствени компликации или со висок ризик од инфекција со ковид 19, но сега JCVI издаде официјална препорака вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ да им се даваат на сите жени без страв во која фаза од бременоста се, планираат да забременат или веќе дојат.

Засега се препорачуваат само вакцини произведени од „Фајзер“ и „Модерна“ за бремени жени, затоа што врз основа на истражувањето во САД, во кое учествуваа околу 90.000 бремени жени, беше утврдено дека овие вакцини не се опасни за нив, додека за други вакцини истражувањата сè уште се во тек. JCVI исто така објави дека нови податоци за вакцината на „Астра Зенека“ треба да бидат достапни во блиска иднина, бидејќи претходните истражувања укажуваа на тоа дека редок синдром на згрутчување на крвта може да се појави кај бремени жени по оваа вакцина.

„Жените можат да се вакцинираат во кое било време од бременоста, иако некои претпочитаат да чекаат да поминат првиот ултразвук или првиот триместар. Препорачувам сите бремени жени, кога ќе добијат повик за вакцинација, да дојдат и да разговараат за придобивките и ризиците со сигурен извор, како што се матичен лекар, гинеколог или акушер- рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок, додека д-р Мери Рос Дејви од Кралскиот колеџ за акушерки за „Гардијан“ оцени дека новиот совет на Комитетот е разумен чекор и дека тие ќе бидат поддршка и помагаат на секоја идна мајка да ги добие сите информации.

Слични содржини