Дали Дејвид Аделман ќе стане главен тренер на Денвер? Јокиќ ја пофали неговата работа

од Љубиша Владимиров
43 прегледи

Сезоната на Денвер Нагетс во НБА заврши со пораз во полуфиналето на Западната конференција од Оклахома (125:93). Веднаш по елиминацијата, сопственикот на тимот, Џош Кренке, одби да зборува за иднината на тренерската позиција, но изрази задоволство од работата на привремениот тренер, Дејвид Аделман.

„Освен титулата, најмногу сум горд на овие момци кои се вратија на првото место,“ рече Кренке.

Аделман, кој осум сезони беше асистент тренер во Денвер, сега се смета за главен кандидат да ја преземе главната тренерска позиција во Нагетс. Никола Јокиќ му упати големи пофалби на Аделман, нагласувајќи дека тренерот успеал да ја промени енергијата и да ги мотивира играчите.

„Имаше само три натпревари за да направи промени. Мислам дека ја промени енергијата кај нас. Момците се разбудија, имаа повеќе енергија, нè натера да веруваме во нешто. Игравме добро и одигравме серија од седум натпревари против најдобриот тим во НБА. Имавме шанси и мислам дека направи навистина добра работа,“ изјави Јокиќ. По пофалбите од Јокиќ, Аделман избегна да зборува за тоа дали ќе остане тренер и во иднина.

Сопственикот Џош Кренке претходно ги отпушти поранешниот главен тренер Мајк Малон и генералниот менаџер Калвин Бут, што ја отвори вратата за нови промени во тимот. Се очекува наскоро да се донесе конечна одлука за иднината на тренерската позиција во Денвер.

Слични содржини