За време на коронавирусот, многумина барем еднаш се запрашале дали би можеле да бидат заразени со ковид за време на интимен однос. Лекарот Алекс Џорџ одлучил да зборува на оваа тема, пренесе „Пинк.рс“.
Дали е безбедно да се има секс за време на епидемијата на коронавирус?
„Ако сте во врска, живеете со партнер, делите ист простор, ситуацијата не треба да се менува. Меѓутоа, ако некој од вас има симптоми на Ковид 19, тогаш треба да држите дистанца и да се изолирате, дури и внатре во домот. Во идеален свет, секој треба да држи растојание од два метри – дури и во домот, но јасно е дека тоа не е многу реално“, вели Џорџ.
Кога станува збор за жешки акции со нови партнери, Џорџ не го советува тоа, пред се поради ризикот од ширење на вирусот.
„Не би советувал секс со нови партнери во овој момент, поради ризикот од ширење на вирусот“, додава Џорџ.
Тој, исто така, откри што треба да направите ако се бакнувате со некого што сте го сретнале неодамна, а потоа се појават симптомите на коронавирус. Тој советува, пред сѐ, самоизолација, а потоа додава колку е важно да се следи ситуацијата и да се обратите до лекар.
„Ако сте се бакнале или сте имале близок контакт со некого за кој мислите дека е заразен, обидете се да се изолирате. Следете ги симптомите. Ако се влошат, треба дополнително да внимавате. Контактирајте со надлежните и побарајте помош која ви е потребна“, заклучи Џорџ.