Дали е опасно по здравјето доколку не ги перете домашните влечки?

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Ако имате омилен пар влечки, голема е веројатноста дека ги носите секој ден. Но, кога последен пат сте ги испрале?

Влечките кои одамна не ја виделе внатрешноста на вашата машина за перење може да станат дом на „необични жители“, вели педијатарот д-р Алиса Кузинас.

„И во некои случаи, вашите стапала или нокти би можеле потенцијално да платат висока цена“, додава таа.

Добрата вест е што нема да треба да ги перете толку често колку што мислите, пренесува livestrong.com.

Можни последици доколку не ги перете папучите

За разлика од неиспраната постелнина или облека за вежбање, вашите валкани влечки не претставуваат голема биолошка опасност. Но, колку подолго време не ги исперете, толку е поголема веројатноста тие да содржат микроби или надразнувачи кои потенцијално можат да влијаат на кожата на вашите стапала.

„Влечките можат да содржат бактерии и габи, кои предизвикуваат габи на стапалата и ноктите, заедно со вирусите кои предизвикуваат брадавици“, вели д-р Кузинас.

Покрај микробите, во внатрешноста на вашите влечки може да се акумулираат и мртви клетки од кожата, прашина или други остатоци што потенцијално можат да предизвикаат чешање или иритација на стапалата, додава таа.

Сепак, веројатноста дека всушност ќе наидете на проблем зависи од тоа како ги носите вашите влечки. Ако носите влечки со чорапи, ризикот од горенаведеното е мал, бидејќи чорапите формираат бариера помеѓу стапалата и папучите.

„Но, ако ги носите без чорапи, вашите стапала внесуваат повеќе нечистотија во вашите влечки, а поголема е веројатноста да дојдат во директен контакт со она што е веќе внатре“, додава д-р Кузинас.

Ситуацијата може да се влоши и ако вашите стапала многу се потат, бидејќи потта создава топла и влажна средина што дозволува бактериите што предизвикуваат инфекција да растат.

Исто така, ако ги носите влечките и на надвор и внатре, најверојатно ќе внесете нечистотија и бактерии однадвор на вашите подови. Ова ги вклучува нездравите бактерии Staphylococcus и Clostridium difficile.

Колку често треба да ги перете влечките?

„Правилото е да ги исперете кога ќе видите нечистотија, кога ќе почувствувате непријатен мирис или влага во влечките“, вели д-р Кузинас.

Тоа може да значи еднаш неделно ако ги носите без чорапи, многу се потите или носите влечки надвор од домот, во ходниците на зградата или на тераса, на пример. Ако секогаш носите чорапи и никогаш не излегувате надвор со влечки, веројатно е доволно да ги перете неколку пати годишно.

Слични содржини