ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ? Серена во солзи ја напушти прес-конференцијата по претрпениот пораз (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
405 прегледи

Американската тенисерка Серана Вилијамс беше поразена во полуфиналето на Австралија опен од Наоми Осака. Она што го привлече вниманието на јавноста беше прес-конференцијата по натпреварот, која Американката ја напушти во солзи откако ѝ беше поставено прашање на кое сите сакаат да го знаат одговорот.

По поразот, Серена не го напушти теренот веднаш. Остана подолго од вообичаеното, мавташе кон публиката, се поклони трипати пред трибините на Род Лејвер Арена и дури потоа отиде во соблекувалната.

Логично, на прес-конференцијата, таа беше прашана дали тоа бил посебен поздрав и дали ова е последниот Австралија опен во нејзината кариера.

Серена не одговори директно, се обиде да го избегне прашањето, но се расплака. После тоа таа стана и си замина. Конференцијата траеше помалку од четири минути. Таа не се врати пред новинарите.

На прашањето дали аплаузот што ѝ го испрати публиката е некаков вид на збогување, таа одговори кратко и јасно:

– Ако некогаш се збогувам, нема да кажам никому.

Потоа следуваше прашање за лошо одиграниот натпревар во полуфиналето:

– Не знам, готова сум – рече Серена и потоа почна да плаче, стана и ја напушти конференциската сала.

Поради нејзините солзи, започнаа шпекулации за можен крај на нејзината голема кариера.

Серена има 39 години.

Слични содржини