Дали Ердоган ја „потопи“ лирата: Поради протерувањето на амбасадорите, валутата се помалку вреди

од Nikola Popovski
484 прегледи

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да протера десет амбасадори, валутата на оваа земја достигна нова рекордна вредност – сега еден долар е 9.738 лири.

Толкава беше нејзината вредност на лондонската берза до 11:45 часот. Ова се случи откако Ердоган ги прогласи за персона нон грата во саботата на 23 октомври, а потоа и ги протера амбасадорите на САД, Германија, Франција, Канада, Холандија, Шведска, Норвешка, Данска, Финска и Нов Зеланд. Тоа го направи откако Западот ја повика Турција да го ослободи Осман Кавала, кој го претставува и како филантроп.

Економистите и инвеститорите долго време се загрижени за односот на Ердоган кон Централната банка на Турција, сметајќи дека тоа ја загрозува независноста на оваа институција. Тој е убеден дека ниските стапки ќе ја намалат инфлацијата, што е спротивно на очекувањата на голем број економисти, пишува „CNBC“.