Дали ЕУ ќе ги забрани конвенционалните мотоцикли?

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Покрај бумот на електричните автомобили, производителите на автомобили развиваат се повеќе и повеќе нови електрични мотоцикли. Причината за ова е планираната целосна забрана на моторите со внатрешно согорување во ЕУ до 2035 година. Веројатно истата судбина ќе ја имаат и традиционалните мотоцикли.

Напорот на Европската унија да стави крај на ерата на мотори со внатрешно согорување е всушност многу лоша вест за мотоциклистите, пишува Politico.

„Забраната за производство на мотори со внатрешно согорување ќе доведе до смрт на мотоциклизмот како хоби за многумина“, вели Михаел Ленцен од Германското здружение на мотоциклисти (BVDM).

Иако мотоциклите претставуваат само 2 отсто од европскиот пазар на возила, навистина постои причина за загриженоста на овој сектор. Традиционалните мотоцикли обично се поефикасни од автомобилите и испуштаат помалку стакленички гасови, но сепак се големи емитери на загадувачи како што се јаглерод моноксид и азотни оксиди.

Британија прва?

Засега е познато дека конвенционалните мотоцикли ќе бидат забранети во Велика Британија. Топлотниот бран кој го зафати Островот предизвика пожари низ целата земја, а многумина сметаат дека ваквото време е поради климатските промени.

Ова бара побрза транзиција кон електрични возила, при што властите во Велика Британија започнаа јавна анкета за да дознаат како би реагирале на целосната забрана за продажба на возила од L-категоријата со „не-нула емисија“. Категоријата L во земјата вклучува мопеди со две и три тркала, мотоцикли, мотоцикли со корпи и АТВ.

Според информациите на британските медиуми, планот на владата е забраната да стапи на сила од 2035 година.

Истовремено, Велика Британија известува за раст од 120% во однос на 2021 година во продажбата на електрични мотоцикли. Во земјите од ЕУ растот е сличен.

Што прави Брисел?

Сè уште нема конкретни активности. Сепак, забраните почнуваат да се спроведуваат во некои европски градови, при што Париз и Барселона воведоа ограничувања за пристап за одредени видови мотоцикли. Затоа се почесто се слушаат сомнежите на производителите на автомобили дека забраната за мотори со внатрешно согорување од 2035 година ќе важи и за моторите.

Електрифицирањето на две тркала е нешто што може полесно да се направи за мотоциклите и скутерите што се користат за секојдневно урбано патување, каде што растојанијата не се долги, а полнењето е лесно.

Според студијата на Федерацијата на европски мотоциклисти (FEMA), повеќето сопственици на мотоцикли би се откажале од возењето наместо да се префрлат на возило со нулта емисија.

Слични содржини